Францускиот амбасадор во посета на Битола

106

Денеска во прва работна посета на Битола престојуваше новиот амбасадор на Република Франција во Македонија, неговата екселенција Сирил Бомгартнер.

Придружуван од почесниот конзул на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ,  Бомгартнер оставари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која го запозна амбасадорот за долгогодишната врска на Битола како конзулски град со Франција, за традицијата, културата и вредностите кои што ден денес се на многу високо ниво.

– Го имаме во градот почесниот конзулат, Француската алијанса и одличната соработка со Амбасадата на Република Франција – рече Петровска.

Амбасадорот Бомгартнер ја истакна неговата отвореност кон Битола за натамошни чекори во тесна соработка со општината и посочи дека амбасадата и натаму ќе продолжи со поддршка за сите настани во областа на културата кои се случуваат во градот.

Од своја страна, тој исто така понуди целосна поддршка за развивање на туризмот во сите сегменти од историски аспект, особено за периодот од Првата светска војна.

М.М.