Утре бесплатно скијање на Копанки

163

По паѓањето на обилните врнежи од снег во Битола утре на ски-патеката на Копанки за сите љубитли на скијањето хотелот „Молика“ организира бесплатно скијање на ски-патеката, која е целосно подготвена да ги прими скијачите.
Од хотелот „Молика“ предупредуваат дека скијачите кои утре ќе скијаат на Копанки мораат да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.
Со утрешното скијање почнува скијачката сезона на Пелистер.
М.М.