Утврдени пропусти кај наставниците во училиштето во кое се случи тепачка во Неготино

2702

Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште „Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.

– Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители. Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки. По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување – велaт од Министерството за образование и наука.

Оттаму додаваат дека од страна на училиштето ќе бидат преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.