Топлото време го затвори лизгалиштето во Битола

157

Лизгалиштето во Битола не работи. Залудно стотици млади битолчани доаѓаат кај лизгалиштето кое е лоцирано кај спорската сала „Боро Чурлевски“, но тоа се уште е затворено за лизгање.

Наместо мраз во заградениот дел на лизгалиштето има вода.

Работниците кои се грижат за работата на лизгалиштето ни рекоа дека тоа е затворено бидејќи топлото време кое деновиве владее во Битола го стопи мразот. М.М.