Сѐ повеќе заболени од ХИВ во општините во источна Македонија

563

ХИВ/СИДА во општините од  источна Македонија има сѐ повеќе. Предничат Штип и Кочани, покажуваат податоците од Центрите за јавно здравје. Во моментов, во петте општини кои ги покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, Виница, Берово, Делчево и Пехчево, бројот на заразени е 18.
– И тоа 11 во Кочани, по три во Виница и Делчево и еден во Берово – изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог во Центар за јавно здравје – Кочани.
Само лани во Штип се регистрирани четири новозаболени.
– Tрojцата новоинфицирани со ХИВ-вирусот, повторно се мажи. Во возрасна група се од 20 до 40 години. Во нашата земја најголем дел од заболените се мажи што заболеле при интеракција со друг маж – изјави д-р Светлана Живкова, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.
Ваквата состојба го вклучи алармот кај надлежните на црвено, па сѐ повеќе активности на епидемиолозите се насочени кон едукација. Бидејќи најпогодена е младата популација, токму таму се засилени и предавањата. Дел од тоа се и циклусот предавања кои се одржуваат во средните училишта во Кочани, а во организација на тамошниот центар за јавно здравје.
Д.Ф.