Субвенции за купување велосипед

391

Струмица

Општина Струмица ќе субвенционира купување велосипед. Надлежните од локалната самоуправа веќе објавија јавен повик за субвенции за купување велосипеди во износ од педесет проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од четири илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Според градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, со ова ќе се стимулира возењето велосипед.

– Повикот се однесува на субвенционирање на граѓаните што во наредниот период ќе купат нов велосипед, со тоа што општина Струмица ќе рефундира педесет проценти од вредноста што нашите сограѓани ќе ја потрошат за купување. Изборот е нивен и нема повластени трговски оператори, но субвенционирањето е максимално до четири илјади денари, односно до исцрпување на средствата што се определени за таа намена – вели градоначалникот Јаневски.