„Стрежевци“ во соработка со „Биди Зелен“ ја чистеа акумулацијата Стрежево

91

Вработените од ЈП „Стрежево“ – Битола го одбележуваат светскиот ден на чистењето со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за пиење и технолошка вода на општините Битола, Новаци и Могила во сопствена организација, а во соработка со Здружението „Биди Зелен“.

– Со акцијата дадовме свој придонес на најпозитивното граѓанско движење во светот, во борба против најзагрижувачкиот проблем во животната средина. Заклучокот е заеднички, сите да се вложиме максимално и да се вклучиме во зајакнувањето на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина. Апелираме до граѓаните, поединците, институциите дека мора да се почитува животната околина, како и сите заедно да развиеме механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад – велат од ЈП „Стрежево“ Битола.

М.М.