„Стрежево“ нарача изработка на физибилити студија за вештачки снег

535

Како последица на глобалното затоплување, кое предизвикува сериозни климатски промени, снегот оваа зима го нема доволно или брзо се топи на скијчкиот центар „Нижеполе“.

Соочувајќи се со овој проблем јавното претпријатие „Стрежево“, кое стопанисува со скијачкиот центар „Нижеполе“ превзема чекори за поефикасно справување со климатските промени и примена на еколошки иновативни пристапи и технологии.

Затоа, со цел за збогатување и подобрување на вкупната туристичка понуда на Пелистер, потребата од континиуирана и продолжена сезона за скијање, јавното претпријатие „Стрежево“ деновиве нарача изработка на физибилити студија за изфработка на проект за вештачки снег.

Тоа, велат во „Стрежево“, ќе биде првиот чекор кон реализација на сонот на битолчани и пошироко, скијачката сезона на „Нижеполе“ да трае од декември до март.

– Како општествено одговорно претпријатие се охрабривме да го
направиме овој проект за Битола и државата, со една и единствена цел да
добиеме современ ски-центар „Нижеполе“ и зголемување на бројот на
скијачите – вели Менде Граматковски, директорот на ЈП „Стрежево“.

М.М.