Старите лица од Куманово до 20 август може да бараат помошници

51

Старите и изнемоштени лица од Куманово може да се пријават на повикот и да побараат асистенти кои ќе има помагаат во извршувањето на секојдневните обврски.

Повикот го објави Општина Куманово во рамки на проектот „Локална прегратка“ што се реализира во програмата општинско – корисна работа 2018 година.

Услугите што ќе ги добијат крајните корисници, старите и изнемоштените се бесплатни.

Сервисот за стари лица во домашни услови е третата проектна идеја од проектот и нуди психолошка и социјална поддршка, помош при извршување на секојдневните обврски, оганизирање квалитетно структуирање на времето со цел унапредување на квалитетот на животот на старите и изнемоштени лица, како и нивна инклузија во заедницата.

Заинтересираните лица кои сакаат да ги добијат овие услуги треба да се обратат во просториите на старата општинска зграда кај Катастар. Јавниот повик ќе трае до 20 август годинава.