Средношколски протест во Тетово поради загаденоста на воздухот

221

Средношколците од паралелките на македонски јазик во Тетово се собраа на протест на плоштадот во знак на револт поради долготрајното загадување на воздухот и зголемената смртност. Учениците најавуваат протестен марш до зградата на општината.

Тие наведуваат дека одлучиле да протестираат поради показателите од научно истражување дека во Тетово 38 проценти од смртните случаи се поради загаден воздух, додека низ Македонија просек е 22 отсто.

A.С.