Средба на претседателот Пендаровски со локалните и регионалните медиуми во Битола

107

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој престојува во Битола по повод одржувањето на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, на кој тој е генерален покровител, вечерва оствари средба со локланите и регионалните медиуми и дописници.

На средбата низ еден неформален разговор стана збор за состојбата во локалните и регионалните медиуми во Битола, како и за финансиските проблеми со кои се соочуваат овие медиуми. 

На средбата беше истакнато дека новинарите во локалните и регионални медиуми, биле тие печатени или електронски, работаат во исклучително тешки услови и дека медиумската сфера во Битола се соочува со ислучително тешки состојби, кои лесно можат да предизвикаат гаснење на дел од медиумите.

М.М.