Спроведена втора крводарителна акција во кичевската касарна

84
Фото: Зоран Антоски

Денеска во касарната „Чеде Филиповски- Даме“ во Кичево, беше спроведена крводарителна акција, втора во текот на оваа календарска година. И покрај големото отсуство, поради годишни одмори и други обврски на војниците, сепак беа собрани 37 единици на крв од сите крвни групи.

– Денес во нашата касарна по вторпат во оваа календарска година беше спроведена крводарителна акција на која се одзваа 37 војници. Оваа бројка е повеќе од задоволителна, ако се има во предвид дека добар дел од војниците и старешините се на годишен одмор или се преокупирани со други обврски. Инаку ова е втора крводарителна акција спроведена во нашата касарна годинава, откако пред неполни три месеци, при првата акција беа собрани 92 единици на крв или во двете акции собрани се вкупно 129 крвни единици, со што нашите војници и старешни на дело ја покажаа својата хуманост – рече Јован Вренцоски, подофицер  за контакт со јавност.