Спортски реквизити за деветте основни училишта во општина Кичево

87

Во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија“, денес во спортската сала „Јанчица“ во Кичево, на деветте основни училишта во општина Кичево им беа предадени спортски реквизити, што е дел од овој проект, кој е финансиски е подржан од Холандија и Велика Британија и се спроведува од 15 октомври 2018 година до 15 октомври годинава, во три општини во земјава и тоа во скопски Чаир, Гостивар и во Кичево. 

– Проектот „Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија“ има за цел да даде подршка на националната стратегија и акцискиот план за борба против насилен екстремизам, преку зајакнување на соработката помеѓу локалните чинители, вклучувајќи ги и лидерите на граѓанското оптество, верските заедници, младите, локалните и централните власти.Проектот опфаќа 30 училишта во трите општини и тој чини 130.000 фунти. Очекуваме овој проект да има позитивен импакт врз соживотот во овие средини – истакна Рудина Пашоли , проект координатор на невладината организација „Centre for Common Ground“ имплементатор на проектот, заедно со општина Кичево.

Спортските реквизити им беа врачени на директорите на деветте основни училишта во Општина Кичево. З.А.