Спасени двајца параглајдеристи кои паднаа на непристапен терен на Галичица

300

Двајца параглајдеристи кои паднаа денеска попладне на непристапен терен на планината Галичица се извлечени со помош на специјалци и хеликоптерите на МВР, по што се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Станува збор за двајца параглајдеристи од Украина, кои попладнево полетале од Галичица на македонска страна и покрај неповолните временски услови, ветерот и укажувањата дека е ризично да го направат тоа. Тие завршиле на 500 метри на албанска територија, по што паднале на тешко пристепен терен.

Несреќаат се случила попладнево околу 15 часот на планината Галичица. Според првичните информации тие изгубиле контрола додека летале во неповолни услови и паднале во близина на македонско-албанската граница.

Од МВР велат дека несреќата се случила на падините на Галичица, но на албанската страна поради што Единицата за специјални задачи на МВР заедно до хеликоптерската единица се упатиле во нивно пронаоѓање и извлекување.

Како што дознаваме од полициски извори, двајцата параглајдеристи полеталe на македонска територија, иако и покрај топлото време имало и силен ветер. Но, тие сепак одлучиле да полетаат иако им било укажано да не ризикуваат.

Што се слушувало конкретно за време на летот не е познато. Претпоставките на полицијата се дека тие изгубиле контрола во тек на летот и заминале на албанска територија.

Мажот и жената од Украина паднале на 500 метри на албанска територија во близина на македонско – албанската граница.

Жената е потешко повредена, додека другиот параглајдерист имал полесни повреди.