Со оро и песна кичевските матуранти го завршија последниот училишен ден

460
Кичевските матуранти при денешната разделба Фото: Зоран Антовски

Со денешната веселба, кичевските матуранти го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња придружувани од музички оркестар заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија читиригодишната дружба од средното образование.

Потоа веселбата продолжи на градскиот плоштад, каде матурантите пуштија и по некоја солза за разделба.

-Со денешната веселба практично ја завршуваме четиригодишната дружба во текот на средното образование. Овој период засекогаш ќе остане врежан во нашата меморија и од есен како академски граѓани со дел од досегашните соученици можеби ќе се сретнеме на некој од факултетите во земјава. Каде и да продолжиме со своето школување, спомените од овој период никогаш нема да се заборават и секогаш ќе се присетуваме на времето поминато во училишните клупи, многуте досетки, поговорки и сите доживувања од ова време –рекоа на разделбата Кристина, Петар и Христијан, дел од кичевските матуранти.

Зоран Антовски