Состојбата е под контрола

315

Гостивар

Состојбата во Гостивар е под контрола, сè уште има само еден потврден случај на коронавирус и се почитуваат препораките на Владата. Ова го констатира кризниот штаб на Општина Гостивар и Врапчиште, кој донесе и други мерки и заклучоци.
– Секоја институција да инсистира на лична хигиена и физичка дистанца. Изолација и што помалку контакти со постари лица и со хронични заболувања. Исто така, институциите продолжуваат да комуницираат едни со други, со единствена цел да бидат што е можно поефикасни во настанатата ситуација, која е повеќе од сериозна, но нема простор за паника – се другите мерки и препораки за кои информираат од Општина Гостивар.
Кризниот штаб ќе се состане и денеска, во 10 часот.