Сообраќајот од село Крклино до Битола по една коловозна лента

833

Поради градежни работи на регионалниот пат од село Крклино до Битола сообраќајот на овој патен правец во наредните 30 дена ќе се одвива по една коловозна лента.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Претходно, јавното претпријатие „Македонија пат“ информираше дека и регионалниот пат од село Теово до Богомила во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден во периодот од 10 до 14 часот поради асфалтирање.