Сообраќајот надвор од градовите зголемен, на ГП Богородица се чека 30-тина минути

78

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути, информираат од АМСМ.

Оттаму информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, како и оти оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. 

Од АМСМ потсетуваат дека на сила е времен режим за сообраќај во летниот период. за тешки товарни возила. 

На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони. 

На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје за време на викендите се забранува движење на возила над 7,5 тони.