Сообраќајот кај превојот Барбарос по една коловозна лента

98
Фото: Илустрација

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод кај планинскиот превој Барбарос, кој од 9.10 часот утрово беше во целосен прекин поради одрони, од 12.45 часот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Автомотосојузот на Македонија и ЈП „Македонијапат“ соопштија дека целосно расчистување и нормализирање на сообраќајот на патот се очекува околу 17 часот.