Сончево време со мала до умерена облачност

73

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10, а максималната од 19 до 26 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Од УХМР најавуваат дека особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.