Советот на Тетово најави програма за справување со кучињата скитници

175

По многуте поплаки на граѓаните и известувања на медиумите, Советот на општина Тетово расправаше за дејствување во насока на справување со бездмоните кучиња. Сите советници едногласно ја изгласаа предлог одлуката за решавање на проблемот со кучињата скитници.

Според програмата месечно ќе бидат заловени дваесет кучиња, за чија цел ќе се одвојуваат 500 илјади денари, пари од буџетот на општина Тетово.

-Дваесет кучиња месечно, или 240 годишно ќе се заловуваат, а потоа и згрижуваат во стационар на веќе постоечки објект кај Комунална хигиена во Тетово. Предидени се мерки како стерилизација, вакцинација, чипирање и слично – изјави Јулијана Пенева, од одделот за животна средина при Секторот за комунални дејности од каде е изработена програмата.

На седницата меѓу другото, беше решено и дека улиците „Страшо Пинџур“, „Тодор Циповски Мерџан“, „Борис Кидрич“ кај основното училиште „Братство“ и улицата „Кузман Јосифоски Питу“ да бидат едносмерни зашто како што беше објаснето во образложението, не ги исполнуваат критериумите за двонасочен сообраќај.

A.С.