Снегот го отежнува сообраќајот, застој на неколку патни правци

119

Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија.

АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камниони на регионалниот пат Дебар-Маврово.

Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Снегота засега не предизвикува застои во авионскиот и железничкиот сообраќај.