Словачкиот амбасадор во посета на Битола

55

Словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш, денеска престојуваше во работна посета на Општина Битола, при која оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска во нејзиниот кабинет.

Повод за посетата беше претстојната изложба која на 6 декември треба да биде отворена во Битола, под наслов „По стапките на Кирил и Методиј“, во организација на
Амбасадата на Словачка.

– За браќата Кирил и Методиј има доволно сознанија во Словачка во која тие ја ширеле својата мисија. Оваа изложба претставува еден од начините да се запознае историјата – изјави амбасадорот на Словачка.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ги претстави карактеристиките на градот Битола преку образованието, економијата, културата, инфратруктурните зафати и новите постигнувања на оваа локална самоуправа.

Од своја страна пак, амбасадорот Маркуш изрази воодушевување од големиот број културни настани кои што се случуваат во Битола, со желба дел од Словачкиот современ филм да се најде во рамките на некое од следните фестивалски изданија на ИФФК „Браќа Манаки“.

М.М.