Складираниот смет и смрдеата повторно ги оптоваруваат тетовци

161

Жителите на Тетово алармираат дека повторно се соочуваат со непријатната миризба на изгорен смет. Пред се во вечерните часови се чувствува смрдеата поради која луѓето велат дека се приморани да остануваат дома навечер.

Сметот од контејнерите во Тетово со отворањето на новата претоварна станица требаше да се собира и компресира за потоа да се транспортира до депонијата Дрисла. Сепак во дворот на станицата и понатаму има смет која се остава на земјата со што наликува на дива депонија. Слична е низ градот, каде покрај преполните контејнери има дополнителни количини смет што се случува да остане несобран.

-Печалбарите веќе ги нема, значи нема дополнотелнителни количини смет. Комуналното претријатие треба почесто да го собира и изнесува од градот. Исто така продолжува да се чувствува смрдеата од складираниот смет на претоварната станица. Непријатна миризба има и од самите контејнери од кои истекуваат разни течности, велат жителите од месната заедница Борис Кидрич кои се најблиску до претоварната станица.

Според одговорните во јавното комунално претријатие Тетово во текот на летните месеци најголема е количината на смет кој треба да го соберат. Потенцираат дека зголемениот број луѓе кои доаѓаат на привремен престој, односно печалбарите е причина за уште повеќе смет.

-Се проценува дека дневно се собира и до 300 тони смет, велат од ЈКП Тетово.

Справувањето со смет тешко оди во сите општини на полошкиот регион и претставува долготраен и суштински проблем. Градоначалниците преку Центар за полошки плански регион често пати најавуваат дека состојбите ќе бидат подобри со стандардизирање и уредување на регионалната депонија Русино.

-За тоа постојат големи изгледи бидејќи се работи веќе на техничката документација за која се обезбедени пари, странска помош или поконкрентно донација од швајцарската амбасада. Потоа треба да има и конкретно уредување на оваа депонија, истакна на неодамнешната трибина посветена на животната средина, министерот за животна средина Садула Дураки.

Во Тетово поради големите количини смет покрај контејнерите на неколку места постојат речиси диви депонии. Такви места има кај православните гробишта, кај касарната, Блок 70 и други локации.

А.С.