Силно невреме ја зафати Кичевијата

1486
Фото: Зоран Антоски

Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд ја зафати попладнево Кичевијата. Големите количества на вода што паднаа за краток период, за час ги претворија улиците во вистински реки, а во пониските делови на градот, дел од сообраќајниците беа исполнети со надојдената вода.

Поради полицискиот час по улиците речиси и да немаше возила, па затоа возачите не го почуствуваа проблемот што го создаде силниот дожд.

Секогаш кога има силни врнежи, во градот излегува на површина проблемот од немање на атмосферска канализација на сите улици. З.А.