Силно невреме го зафати Кичево и регионот

964
Фото: Зоран Антоски

Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и електрични празнења, го зафати Кичево и регионот. За само половина час градските улиците се претворија во реки, а сообраќајот се одвиваше доста отежнато.

И повторно истите проблеми излегоа на површина, недоволниот капацитет на атмосферската канализација во градот придонесе одредени улици да наликуваат на вистински реки, а на оние улици каде што нема атмосферска канализација, состојбата беше уште потешка, а движењето на пешаците речиси невозможно.

– Ако во претходните две недели дождот не заобиколуваше, денес ни наплати со камата, бидејќи наврнаа толкави количини на дожд, колку за петходните десетина дена заедно. Но такво лето имаме годинава, кога дождовите се претворија во секојдневен следбеник – посочи случаен минувач.

З.А