Се презакажува прскањето против комарци во Охрид поради најавите за дожд

42

Се презакажува најавената дезинсекција против комарци од утре за наредните денови, поради најавите за дожд и ветер.

Центарот за јавно здравје од Охрид информира дека најавената дезинсекција од земја ќе се реализира во среда, четврток и петок во периодот од 20 до 6 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со прскањето ќе бидат опфатени територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Се апелира пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.