Се одбележуваат 40 години од Домот на култура во Прилеп

27

Со концертот „Од нас за вас“ вечерва во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе бидат одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“.

По повод годишнината во изложбениот салон е поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.
На концертот ќе настапат танцовото студио „Зодијак“, пејачите Ана Митоска, Илија Белистојаноски и Катерина Попоска, театарот „Чин 4 Сцена 5“ ќе изведе извадоци од две претстави, а ќе се претстават октетот Прилеп, КУД „Моминок“ и „Дабл стрингс“.
На овој ден во 1979 година бил отворен Домот на културата, а првата претстава што била изведена е „Факел“ од Коце Солунски.
– Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции, што се реализирале во институцијата низ годините, но сега ЦК „Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко – велат од ЦК „Марко Цепенков“.

Ка.М.