Селото Довезенце го одбележа празникот Спасовден

2230

Жителите на кумановското село Довезенце и годинава го одбележаа големиот христијански празник Спасовден.

Прославата традиционално и оваа година се одржа во пазувите на планината Еленац (н.в.463м) кај местото Крстче, близу до селскиот кладенец.

За оваа голема прослава на селото жителите изградиле и посебен објект во кој се приготвува и служи храна.

На прославата присуствуваше и свештено лице кое службено по каноните на црквата на селското Крстче, со традиционалните селски обичаи (кршење на погача и со читањето на божјата молитва) изврши примопредавање на кумството на славата од стариот на новиот кум, по што прославата продолжи со песни, ора и традиционален ручек.

На прославата оваа година присуствуваа повеќе од  двеста луѓе  од месното население од селото  и поранешни жители на селото од Куманово , Скопје и  од  некои други градови од државата.

Т.Д.