Седниците на Советот на Битола ќе бидат снимани и објавувани на Јутјуб

92

Со цел за поголема транспарентност за работата на Советот на општината Битола, во иднина седниците на Советот ќе бидат снимени во целост и потоа ќе бидат ставени на веб страната на општина Битола.

Ова го изјави претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.

– Ова е една од работите кои ние ги ветувавме во кампањата и во насока на транспарентност и отчетност за нас ова е еден голем чекор во однос на информирањето на граѓаните. Во овој момент според техничката опременост, седниците ќе бидат емитувани на овој начин, меѓутоа наскоро се очекува преку наш канал седниците да бидат емитувани во живо – рече Груевски.

Претседателот на Советот Валентин Груевски рече дека на овој начин седниците ќе може да ги видат сите граѓани што ќе сакаат да го направат тоа и дека ова претставува чекор кон подигнување на кредибилитетот на Советот и на советниците како институција, по закон и по тоа колку луѓе ги гласале советниците, да го добие местото кое го заслужува.

Со донесувањето на ваквата одлука Советот по се изгледа се откажа од тоа седниците на Советот да бидат пренесувани на една од битолските локлани телевизии.

До ваквата одлука Советот дојде затоа што во Битола две локални локлани телевизии Мега и Орбис престанаа со работа и заминаа во стечај.

М.М.