Седма мото-парада утре во Кичево

84
Фото: Зоран Антоски

По повод патрониот празник на црковниот храм „Св. Петар и Павле“, утре во Кичево ќе се одржи седмата по ред мото-парада.

На оваа парада која има ревијален карактер, традиционално учествуваат голем број на мотоциклисти од сите генерации и на различни видови на мотоцикли.

Мото–парадата тргнува од под јарболот кај железничката станица, од каде учесниците на истата имаат заедничко дефиле по градските улици, со пауза во црковниот храм и со завршница во еден локал во градот..

-По повод големиот верски празник Петровден, патронот на нашиот црковен храм, утре организираме мото–парада, која годинава ќе се одржи по седми пат. Очекуваме учество на над 200 мотоциклисти од сите генерации. Парадата статува од кај железничката станица а потоа учесниците во група се движат по градските улици за сите да застанат пред црковниот храм „Св. Петар и Павле“, каде ќе запалат свеќи и ќе се помолат за здравје, а потоа сите се упатуваме на заедничко вечерно кафе – најави Владо Личоски, идеен творец на оваа мото-парада.