Светнаа сијалиците во сите битолски училишта

184
фото Васка М. Младеновска

Новата школска година во сите битолски основни и средни училишта понеделник на 3 септември може да почне.

Благодарение на ангажирањето на локалната самоуправа и градоначалничката Наташа Петровска, како и разбирањето на доверителите кои ги имаа(т) блокирано жиро сметките на училиштата и кои привремено ги повлекоа своите извршни решенија за да се одблокираат училиштата, како и покажаната општествено одговорност на ЕВН Македонија, денеска во Битола светнаа сијалиците во сите битолски основни и средни училишта, така што новата школска година може да почне без никакви проблеми.

Ова го соопшти денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на прес конференцијата изјави дека иако е свесна дека со привременото одблокирање на жиро сметките на училиштата состојбата не е многу подобрена, сепак со таквиот чин доверителите покажаа не само разбирање за проблемите со кои се среќава општината Битола, туку и висока свест на општествена одговорост.

-Ние сме им благодарни што најдовме разбирање со доверителите и ЕВН за да светне во сите училишта. Како општина подмиривме добар дел од долговите кон ЕВН кои изнесуваат за сите училишта околу 6.5 милиони денари, но тоа што ни создава проблемите што училиштата и натаму се презадолжени и вкупниот долг на сите битолски училишта изнесува над 4.5 милиони евра – истакна градоначалничката Наташа Петровска.

Градоначалничката Петровска на денешната прес конференција нагласи дека локалната самоуправа вложува максимални напори за изнаоѓање решенија за одблокирање на училиштата, но таа самата без поддршка на Владата тешко ќе може да го направи.