Саниран покривот и оџаците на детската градинка во Кичево

67
Фото: Зоран Антоски

Благодарение на несебичната помош на РЕК „Осломеј “, санирана е покривната конструкција на детската градинка Клон, која е дел од детската градинка „Олга Мицеска“, најстарата детска установа од овој вид во Кичево, отворена пред половина век.

Покрај покривната конструкција со овој зафат санирани се и оџаците и поставени се нови олуци, оваа детска установа е отворена пред три децении, а сега ќе биде целосно подготвена за сезоната со пообилни врнежи од дожд и снег.

– Во изминатите петнаесетина дена со несебична помош на вработените од РЕК „Осломеј“ санирана е покривната конструкција на детската градинка Клон,  каде што покрај покривот санирани се и оџаците, а деновиве се поставуваат и нови олуци, и дотраените делови од покривот и олуците променети се со нови. На овој објект му беше неопходна една ваква санација, за да може да функционира без проблеми. Инаку да ве запознаам дека деновиве очекуваме да биде поставен инвентарот во кујната и монтирани креветчињата во новата детска градинка изградена со помош на ТИКА, со што и официјално ќе биде предадена во употреба и новата детската градинка во населба Пашино – истакна Садик Ахмети, директор на детските градинки во Кичево.

Зоран Антоски