Само мал дел од наследниот имот во полошко им припаѓа на жените

940

Според истражувањето на тетовска невладина организација само 13 отсто од испитаните триста жени во полошкиот регион имаат наследено имот, додека останатите се откажале поради традицијата. Истражувањето го спроведе Здружението Женски форум во рамки на проектот „Економско зајакнување на жените во полошкиот регион преку застапување и промовирање на имотните права”.

-Жените самоволно се откажуваат да бидат во редот на наследници. Причините најчесто се традицијата, одрекување во име на тоа да останат во добри односи во семејството со братот, со родителите како и страв од осудување и срам од околината. Сепак ваквите показатели се поразителни. Се надеваме дека на подигнување на свеста. Во истражувањето кога жените се прашани како вие би постапиле, односно како би го поделиле имотот доколку имате син или ќерка како наследници, најголем дел од нив рекле дека би го поделиле рамноправно наследството што е охрабрувачки податок за нас, рече Слаѓана Јосифоска, асистент на проектот.

Резултатите од истражувањето преку јавна дебата беа презентирани пред разни групи на невладините оргнаизации и државни институции.

-Истражувањето почна во јули 2016 и траеше 22 месеци. Опфатени беа 300 жени од рурални и урбани средини. За 60 од нив се дадени дополнителни информации како да постапат во насока на остварување на правата од наследен имот-изјави Јосифоска.

Во рамки на проектот и истражувањето биле одржани 7 јавни дебати и 20 локални советувања.

А.С.