Руската амбасада и општина Прилеп го одбележаа 1 август – Денот на сеќавањето во Прилеп

114

Со полагање на цвеќиња на споменикот на руските војници загинати во Првата свестка војна на Германските гробишта и панихида, денеска во Прилеп, Амбасадата на Руската федерација и општина Прилеп го одбележаат 1 август, Денот на сеќавањето за сите загинати руски војници од Првата светска војна. Освен од Амбасадата и општината, цвежиња положија и претставници од Сојузот на Здруженија за Македонско-руското пријателство во Македонија, од Сојузот на борци, од Славјанскиот Универзитет, од Лук Оил.

При тоа на присутните им се обрати амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин, потсетувајќи дека во војната пред 105 години загинале осум милиони руски војници, од кои пет илјади на територијата на македонската земја.

– Се потсетуваме на историјата на Првата светска војна, воопшто не за да ги идентифукуваме нејзините виновници, туку уште еднаш да потенцираме дека Русија не сакала војна и се обидела да ги задржи другите држави од фаталниот чекор. Никој не ја
слушнал и нашата земја мораше да го исполни својот сојузнички долг. Современата Русија ја продолжува оваа линија – нејзините напори се насочени кон спречување на повторување на историските грешки. Нашата земја е отворена за проширување на
заемно полезна соработка со сите земји кои се подготвени за заедничка работа околу изнаоѓање одговори на големите современи предизвици и закани, за фер и рамноправно партнерство врз основа на општо-ризнаените норми на меѓународното право – рече рускиот амбасадор Баздникин во Прилеп, притоа потенцирајќи ги добрите односи меѓу нашата земја и Руската федерација на сите полиња.

Ка.М.