Ротари клубот „Битола“ донираше апарат за децата со нарушено ментално здравје

89

Ротари клубот „Битола“ кој е познат по своите хумани активности и акции, денеска во Клиничката болница во Битола донираше апарат „Неуробиофидбек“ на Одделението за ментално здравје за деца и млади.

Апаратот, кој чини околу 4.000 евра, е увезен од Полска и го осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој.

Овој апарат помага во подобрувањето на меморијата, учењето и мотивацијата кај децата.

Апаратот на Одделението за ментално здравје во Клиничката болница го предаде претседателот на Ротари клубот „Битола“, Васко Талевски.

М.М.