Розета Лазареска со прво место на „Етно вешта жена 2019“ за Кичево

519
Фото: Зоран Антоски

Во хотел во Кичево синоќа се одржа манифестација „Етно вешта жена“ со хуманитарен карактер, каде вредните жени од Кичево подготвија разни специјалитети кои имаат долга традиција на овие простори и кои беа понудени на продажба, а средствата од продажбата беа наменети за децата со посебни потреби. Во состав на манифестацијата имаше организирано и избор за вешто дете, како мотив и поттик за дружење на најмладите од сите градови во земјава.

Фото: Зоран Антоски

-Во хотел Кичево беше организиран традиционалниот хепениг „Етно вешта жена 2019“, манифестација со хуманитарен карактер. На оваа манифестација вештите жени од градот подготвија јадења својствени за македонската трпеза и карактеристични за нашиот регион. Од подготвените традиционални јадења на трпезата за продажба беа подготвени питулици, печива, погачи, кифли, торти, колачи и многу други. Првото место на манифестацијата е за Розета Лазареска за изработка на торта,  второто место припадна на Аница Трајкоска за ситни колачи, додека погачата на Нада Димитриеска го освои третото место. Овие специјалитети беа понудени на продажба а средствата од истите ќе бидат наменети за децата со посебни потреби. Интересот за оваа манифестација беше исклучително голем а групата Маестро бенд придонесе за добриот штимунг на целиот настан – рече Оливера Ширгоска од Здружението Вешта жена од Кичево.

Фото: Зоран Антоски

З.А.