Реновирана градинката „Мајски цвет“

42

КАРПОШ

По повеќе децении, објектот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 доби нов лик. По неколкумесечна интензивна работа, направена е реконструкција на сите тоалети, со што се подобрија хигиенско-санитарните услови во оваа предучилишна установа. Променети се прозорците и вратите, за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат сметките за загревање за 30 отсто. Исто така, направена е целосна реконструкција на фасадата, на дел од покривната површина, како и на повеќе занимални.

Во нормални услови градинката згрижува 140 деца, а по протоколот за заштита од коронавирусот – 102 деца. Локалната самоуправа изминатиот период направи и целосно нова градинка во Бардовци, објектот „Виножито“, кој е клон на „Распеана младост“ и во нормални услови згрижува 78 деца. Исто така, градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 доби целосно нов објект – цврста градба, кој може да згрижи 95 деца.