Реконструкција на јавни чешми

25

Во општината Чешиново-Облешево се реализира проект за реконструкција на јавните чешми со партерно уредување, во населените места Бања, Бурилчево, Соколарци, Спанчево и Теранци.

Проектот предвидува реконструкција на старите јавни чешми со партерно уредување и поставување урбана опрема со клупи во непосредна близина.
Фирма изведувач на градежните работи е „Турбоинженеринг“ ДООЕЛ Скопје.
Дел од средствата за реализација на проектот е обезбеден од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во износ од 756.280 денари, без вклучен ДДВ, и кофинансиски дел од буџетот на општината Чешиново-Облешево во износ од 376.833 денари, без вклучен ДДВ. Реализацијата на проектот започна кон крајот на ноември минатата година.