Реконструкција на водоводната мрежа во повеќе делови на Кичево

211

За да се подобри водоснабдувањето во градот, намалат дефектите и губитокот на вода, ЈКП „Комуналец“ Кичево, пристапи кон целосна реконструкција на секундарната водоводна мрежа во повеќе делови на градот, а во тек се интензивни активности на една од најнаселените улици, улицата „4-ти Јули“. Водоводната мрежа ќе биде ревитализирана и на улиците „Прилепска“ и „Амит Челопечанец“.

Дополнително на улица „Прилепска“ ќе биде инсталирана и нова атмосферска канализација, за да не се повторат поплавите од оваа зима, кога двапати настрада населението што живее во овој дел од градот, а тесните грла засекогаш ќе бидат минато.

-Подолг период работиме на целосна ревитализација  на градската водоводна мрежа во сите делови на Кичево. Моментално активностите се одвиваат на улица „4-ти Јули“,  во еден од најнаселените делови во  градот. Со овој зафат застарените метални цевки ќе ги промениме со нови еколошки пвц-цевки, што секако ќе придонесе дефектите во гратската мрежа значително да се намалат, а губитоткот на вода да се сведе на минимум, што досега не беше случај. По овие зафати количествата на вода што ќе бидат потребни за градот и околината, сигурно ќе бидат многу помали, бидејќи со анулирање на губитокот  на вода ќе ја имаме реалната потошувачка, а водените кризи засекогаш ќе  останат зад нас-истакна директорот на ЈКП„ Комуналец“, Зенел Јонузи, кој најави продолжување на работите на сите улици во градот каде овие зафати не се завршени.