Реализирани голем број инфраструктурни проекти во Општина Кичево

336
Фото: Зоран Антоски

Со средства од општина Кичево и помал дел од месната заедница, се уредува коритото на Поповјанска Река, по што во периодот кога ќе има поинтензивни врнежи од дожд, ќе биде избегната опасноста од нејзино изелевање.

Овој е еден од многуте инфраструктурни проекти кои во изминатиов период се реализираа и се реализираат во општина Кичево, во најголем дел финансирани од локалнта самоуправа, со средства од буџетот на општината планирани за тековната година оваа намена.

– За да се подобрат условите за живот на месното население и да се намали иселувањето на младите, во последните неколку години во нашата општина се реализираат поголем број инфраструктурни проекти. Есенва целосно е завршено асфалтирање на сите улици во село Страгомишта и претходно во село Колари, а деновиве се уредува и коритото на Поповјанска Река, за што помал ризик при евентуални поинтензивни врнежи од дожд и можно излевање на реката. На локалните жители во сите рурални средини им ветуваме финансиска поддршка за објекти кои служат за заедничко добро, а кои се во лоша состојба. Овие објекти ќе бидат реновирани и оспособени за натамошна употреба и подобрување на условите за живот во руралните средини – информираа од општина Кичево, од каде најавуваат и нови интраструктурни проекти во делови од општината каде што за тоа има потреба.