Рачна бомба пронајдена кај село Длапкин Дол, Кичевско

86
фото: Зоран Антоски

Вчера во поладневните часови во атарот на село Длапкин Дол, Кичевско, пронајдена е рачна бомба М 39 по потекло од Втората светска војна или годините непосредно после војната.По дојавата ,експлозивната направа е подигната од самото место и одложена на безбедна локација од страна на овлатено лице од ДЗС.

– Последните неколку месеци на повеќе локации во овој дел од земјава пронајдени се повеќе експлозивни направи.Така вчера попладне во атарот на село Длапкин Дол, Кичевско, пронајдена е експлозивна направа рачна бомба, од југословенско производство М 39 по потекло од Втората светска војна или годините потоа. Експлозивната направа е подигната од самото место од страна на овластено лице, пиротехничар од ДЗС -ПО Кичево, транспортирана и одложена на безбедна локација, каде ќе остане се до конечното уништување што ќе се реализира на воениот полигон Криволак во првата наредна акција што ќе се случи есенва или напролет-информира Драгољуб Попоски, пиротехничар од ПО на ДЗС Кичево.
З.А.