Прскање против комарци денес и утре во Кичево

46

Откако на 25 и 26 јуни беше спроведено првото прскање против комарци ова лето, во општина Кичево денес и утре ќе биде извршена и втората дезинсекција согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

Прскањето ќе се врши во периодот од 20 часот навечер до раните утрински часови.

-Вторпат ова лето, на територијата на нашата општина ќе се изврши превентивна систематска дезинсекција. Ќе се прска во сите делови на територијата на нашата општина, во периодот од 20 часот навечер до раните утрински часови. Се информираат пчеларите да ги заштитат пчелните семејства. Доколку временските услови не бидат најпогодни, дезинсекцијата ќе се изврши во наредните два дена – информира Емилија Петкоска, задолжена за екологија во општина Кичево.

З.А.