Промена на сообраќајниот режим во времетраење од 6 месеци на патот Кичево – Охрид

422
Фото: Дарко Андоновски

Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за расчистување на коловозот.

Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека денес – 18.06.2019 година ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар – Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска ќе се започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница: Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.