Проект во Кичево- „Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“

105
Зоран Антоски

Основното училиште„ Кузман Јосифоски-Питу“ од Кичево, денес беше домаќин  на спортските активности , како дел од проектот “Унапредување на социјалната кохезија во Македонија“ финансиски подржан од УСАИД.

Сите спортски активности за учениците од третите одделенија ги организираа  домаќините, гости им беа учениците од ОУ „Хасан Приштина“ од населба Чаир –Скопје. На отворањето на овој проект што се одвиваше во спортската сала „Христо Узунов“, на присутните  им се обрати директорката на училиштето домаќин ,Анета Божиноска.

-Китката од различните цветови најубаво изгледа и уште поубаво мириса. Ние подаваме рака за соработка, за мирен соживот и дијалог. Ќе ги надминеме стереотипите и предрасудите кога на празниот лист хартија од Џон Лок ќе го напишеме другарството и ќе ја најдеме заедничката цел да бидеме среќни и задоволни од сработеното- истакна директорката на училиштето домаќин.

Од страна на ЕЛС Кичево беа обезбедени маички со логото на општината за сите учeници вклучени во проектот, истовремено децата добија и сендвичи, десерт и сокчиња. Училиштето домаќин доби и донација што се состоеше од фудбалски топки, комплет конуси, реквизити, хулахоп и дебело јаже.

З.А.