Прогласени најуспешните училишта во собирање ПЕТ пластична амбалажа во Кичево

778

Денес во Центарот за развој на заедницата во Кичево, беа прогласени најуспешните училишта во градот вклучени во проектот за собирање ПЕТ пластична амбалажа.

Според остварените резултати во изминатите единаесет месеци колку што се спроведува овој проект, најпродуктивно е основното училиште „Др.Владимир Полежиноски“, чии 440 ученика за периодот 15 мај 2017-18 април 2018 година собрале вкупно 514,350 килограми ПЕТ пластична амбалажа, или просечно по секој ученик собрале по 1.169 грама. Второ најпродуктивно училиште е ОУ „К.Ј.Питу“ каде се собрани вкупно 631 килограм или просечно по ученик по 872 грама. Третото место според остварените резултати му припадна на ОУ „Санде Штерјоски“ каде за истиот период се собрани 716,850 килограми или просечно по ученик по 515 грама.

-Проектот Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево, започна да се спроведува од јануари 2017 година, а заврши на 30 април годинава. Собирањто на ПЕТ пластичната амбалажа се одвиваше во периодот од 15 мај лани до 18 април годинава. Во оваа акција на собирање ПЕТ пластична амбалажа беа вклучени трите основни училишта од градот. ОУ„ Др.Владимир Полежиноски“, ОУ „К.Ј.Питу“ и ОУ „Санде Штерјоски“, како и двете средни училишта ОСУ „Мирко Милески“ и ОСУ „Дрита“ и транспортно откупните фирми Евроконтакти од Прилеп и Нутривет од Скопје. Во периодот 15 мај 2017 до 18 април 2018 година колку што траеше акцијата, собрани се вкупно 2 224,100 килограми. Најпродуктивно училиште во овој период беше ОУ „Др. Владимир Полежиноски“. Иако овој проект заврши сепак добрите резултати ќе дадат поттик истиот да продолжи преку други форми, затоа што го пробуди интересот на граѓаните на Кичево за собирање на пластичната амбалажа –истакна Елизабета Ристеска проект координатор.

З.А.