Прилеп доби модерна пречистителна станица

409

Модерна пречистителна станица за третман на отпадни води, која опфати и санација на канализациската мрежа, доби Прилеп. Градот доби значаен инфраструктурен објект изграден со пари од ЕУ и од Владата на Република Македонија, со кој ќе се заштитува животната средина.

– Вредноста на проектот е околу 23 милиони евра, од кои 17 милиони евра се пари од ЕУ. Владата на Македонија смета дека ваквите проекти се значајни за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните – посочи премиерот Зоран Заев.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар посочува дека ваквите проекти се суштината на дејствувањето на ЕУ, бидејќи се во прилог на подобрување на животот на граѓаните.

– Ова е уште еден успешен проект на ЕУ, најголема и најубава пречистителна станица во земјата. Тука има и 60 километри канализациска мрежа. Вкупното вложување на ЕУ е над 17 милиони евра. ЕУ останува посветена на заедничко работење за да одбезбеди подобра иднина за граѓаните – реч Жбогар.

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски смета дека пречистителната станица ќе придонесе за прочистување на отпадните води, а ефектот ќе го имаат граѓаните.

Новата пречистителна станица за отпадни води ќе придонесе за намалување на загадувањето на рецепиентот Прилепската река и за заштита на животната средина. Ка.М.