Прилепските стопанственици од идната Влада бараат фокусот да биде ставен на инфраструктурата

106

Прилепските стопанственици од Регионалната комора – Прилеп ги слушнаа програмите на двете најголеми политички партии во земјава и велат дека се задоволни затоа што нивниот труд се испатил.

– Сѐ она што го работевме како Комора е дел од програмата на партиите. Конечно заедно со институциите на власта ќе треба да ги надминеме пречките за да се направи нормална средина за надоградување на додатната вредност на реалниот сектор, а со цел развојна политика и животен стандар на населението. Преструктуирањето на администрацијата ќе биде таква за да се реализираат нашите проекти.

Она што е заедничкиот став на стопанството во пелагонискиот регион е, без оглед која партија да формира Влада, клучно прашање да биде инфраструктурата. Ако ја нема инфраструктурата, без темели нема ништо да можеме да градиме. Единствен капитал е човекот, кој ќе придонесува за развој на нашата земја. Пелагонија да биде извор на храна и за развој на компаниите – рече Ирена Јакимоска, претседател на РСК – Прилеп, при тоа потенцирајќи дека и во време на корона-кризата компаниите во прилепскиот регион се добро поставени и нема отпуштање на вработени.

Ка.М.