Советот на општина Прилеп, утре од 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 49-та седница, која заради корона кризата ќе се одржи онлајн.

Ова е за првпат Советот на општина Прилеп да одржува во целост онлајн седница без физичко присуство на советниците. За подготовка на претстојната седница на Советот и состаноците на општинските комисии денеска исто така биле спроведени преку интернет, информираат од општината.
Причина за ваква одлука е зачувувањето на здравствената состојба на советниците, како и на вработените во локалната самоуправа кои учествуваат во работните тела за подготовка на седниците на Советот. Воедно, ваквиот чекор е и поради превенција од пандемијата, а во согласност со препораките на Владата да се избегне групирање во затворен простор.
Се уште нема информација како новинарите ќе можат да ја следат седницата преу зум програмата, со цел да ја информираат јавноста за донесените одлуки.

Ка.М.