Привршуваат подготовките за рушење на охридските дивоградби

596

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми.

На средбата било посочено дека акцентот ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на Националниот парк „Галичица“ и крајбрежјето.

Градските власти информираат дека при крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Охрид, опфатени во регистарот изготвен според препораките на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

– Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје. На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки – се наведува во соопштението од општина Охрид.

Активностите на општинските власти во справувањето со нелегално изградените објекти ќе бидат поддржани од надлежните државни институции, а сѐ ќе се одвива со постојана меѓусебна координација.